Комичарот останува зад решетки: Еве што не прифати Бил Козби за да добие условна казна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Своевремено славниот комичар Бил Козби нема да биде условно ослободен од затвор оваа година, откако актерот одбил да учествува во програми за сексуални престапници.

83 годишниот актер е во затвор од 2018 година, Бил Козби беше осуден на 10 години затвор откако беше прогласен за виновен по три точки за тежок сексуален напад.

Некогаш популарниот актер отворено се спротивставил на програмите и одбил да ја признае вината, иако тоа ќе значи издржување на целата затворска казна.

По оваа одлука Козби ќе остане во затворот во Феникс.

Портпаролот на Козби, Ендру Вајат ја нарече одлуката „застрашувачка“ и рече дека Козби „страсно ја прогласува својата невиност“, пренесе АП.