Home Актуелно Мај го испраќаме со облаци и повремено дожд

Мај го испраќаме со облаци и повремено дожд

Последниот мајски ден за 2021 година во Maкедонија носи променливо облачно и свежо време, со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 21 степен. Маврово 13, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка и Берово 17, Кавадарци 24, Дојран 25.

И утре ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…