Комичари нападнати со молотови коктели оти го исмевале Исус и го претставиле како геј


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Групата комичари „Пората дос Фондос“ биле нападнати од бразилски жители со молотови коктели кои биле фрлени врз нивното седиштето во Рио де Женеиро на Бадник.

Комичарите се нападнати неколку недели откако групата објави филм на Нетфликс на кој го прикажува Исус како геј.

Божиќната специјална снимена епизода од оваа група „Првото искушение Христово“, е 46-минутна комедија на која е прикажан Исус кој го довел дома својот наводен дечко Орландо за да го запознае со светата фамилија.

Тоа толку ја разгневи јавноста во Бразил, што околу два милиони луѓе се потпишаа на петицијата со барање да се отстрани комедијата затоа што ги навредува христијаните.