Пат околу светот за 100.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луксузниот и елитен туристички крстосувач „Викинг Круз” пред неколку месеци го напушти Лондон, со мал број богати патници кои крстарат низ светот преку океани и мориња, известува CNN. Ова луксузно патување ќе трае 245 дена и ќе опфати 6 континенти, 51 земја и 111 пристаништа.

Но, туристичките оператори мислеле и на ониа со подлабок џеб кои сакаат да видат повеќе дестинации и да доживеат глобална авантура, но немаат толку време или не се расположени за долго патување по море?

Ним им се нуди воздушно крстарење. Специјално дизајнираните авиони се изнајмуваат и тргнуваат на двонеделни или тринеделни приватни тури низ светот, запирајќи на дестинации што ги посетува светската елита, како што се Мачу Пикчу или Таџ Махал.

Ова луксузно и необично искуство го нудат повеќе компании и не е ефтино. Неговата цена е над 100.000 долари иако се шпекулира дека се појавиле и некои „поевтини“ варијанти.

Abercrombie & Kent нудат две до три авионски крстарења секоја година, кои се ограничени на 50 патници. Темите за крстарење се внимателно избрани и најчесто се ориентирани кон истражување на културата и природата. Цените се движат од 140.000 до 160.000 долари.

Пред секоја крстарење, авионите, кои се во сопственост на исландската авиокомпанија, целосно ја менуваат кабината за да ги исполнат стандардите Abercrombie & Kent.

Следната луксузна турнеја околу светот ќе тргне од Сиетл во февруари 2020 година и ќе трае 25 дена. Патниците ќе уживаат во сафари, ќе можат да доживеат средби со лемурите на Мадагаскар, филипинските китови, џиновските панди и планинските горили.

Друга компанија која нуди патување околу светот е „Four seasons“. Тоа е канадски ланец на луксузни хотели што започнале со патувања околу светот со авионите „Боинг 757“.

Авионот е обоен во елегантна црна боја и делува како амбасадор на компанијата додека лета низ целиот свет. Внатре има 52 седишта и кабина која има за цел да го реплицира истото искуство кое хотелот го обезбедува на земјата. Првото патување беше толку успешно што нарачаа нов авион кој ќе започне да лета во 2021 година.

Компанијата во моментов нуди четири патувања оваа и следната година, а секоја турнеја содржи различна комбинација на дестинации како Јапонија, африканските савани, полинезиските острови или европските културни метрополи.