Босанците со билборди „се борат“ против Дедо Мраз и Нова Година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На фејсбук страницата Кула Тузла осамнаа неколку фотографии од големи билборди на кои има слики од Дедо Мраз со порака дека муслиманите не треба да ја слават Нова година и да слушаат музика.

„Пазете се од брадестиот, тој доаѓа по нашите деца, „Муслиманите не се луди да ја слават најлудата ноќ“, се некои од пораките на овие билборди кои предизвикаа бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.

 

Има многумина кои ги осудуваат овие пораки, нарекувајќи ги навредливи, но има и оние кои се сложуваат со нив и кои ги поддржуваат со цитирање на Куранот.

Ова не е првпат во БиХ да се води анти-Дедо Мраз кампања. Радикалните бошњачки имами и исламски теолози и минатата година почнаа агресивна кампања против прославата на Нова година и праќањето честитики на христијаните по повод нивните верски празници.

Така пред дочекот на новата 2018 година во Сараево и повеќе други градови од Федерацијата БиХ се појавија плакати со кои се повикуваше на тепање на Дедо Мраз, додека на исламските портали и бошњачките верски форуми се водеше жестока дебата дали е грев да се испраќаат божиќни честитки на соседите христијани.