Временска прогноза за последниот четврток во 2019 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој последен четврток од 2019 година носи период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди.

Денес ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северен ветер. Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 7, Битола 8, Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 10, Дојран 11.

Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, во северните и источните делови на планините и на повисоките места со услови за слаб повремен снег. На повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Дневните температури ќе бидат во Скопје и Крива Паланка 5, Маврово 2, Битола и Берово 3, Охрид 6, Кавадарци 9, Дојран 10.