Колкав ќе биде животниот век, каде ќе живееме, од што ќе добиваме струја – прогнози за следните 100 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Би-Би -Си во петокот понуди податоци за тоа во која насока ќе се движи нашиот живот во текот на следните 100 години. Како ќе продолжи да расте населението на Земјата?

Според сценарио на ОН до 2100 година населението на Земјата ќе достигне до 11,2 милијарди жители. Ова, се разбира, се само претпоставки. Мала е шансата, до крајот на овој век населението на Земјата да се зголеми на 16,6 милијарди жители. Но, може и да биде и помалку од 7,3 милијарди, што секако е помалку од сегашните 7,5 милијарди луѓе, колку што живеат на Земјата, пренесува Макфакс.

Во сите сценарија на ОН сепак населението ќе продолжи да расте, барем до 2050 година.

Зошто просечната возраст на луѓето ќе продолжи да се зголемува?

Човекот живее подолго, а се раѓаат помалку деца. Во 1950 година многу луѓе во светот не очекувале да го прослават својот  50-ти роденден. Денес просечниот животен век е речиси 72 години, а во 2100 година се очекува да се зголеми до 83 години. Подолгиот живот значи и повеќе возрасни луѓе, додека послабиот наталитет значи релативно помалку родени деца, кои ќе ги заменат постарите. Така наречената пирамида на населението ќе добие форма на кошница.

Каде ќе живееме?

До 2030 година ќе има 41 мега градови со повеќе од 10 милиони жители. А, до 2050 две третини од луѓето ќе живеат во градови. Супер пренаселените градови ќе можат да бидат распространети на изненадувачки мало парче земја.

Ако овие 6,3 милијарди градски жители живеат во услови како во денешен Мумбај, тие ќе се соберат на територија како онаа на Велика Британија. Но, ако живеат во услови на денешна Атланта, тие драстично ќе се прошират и ќе изгледаат на територијата на САД.

Од каде ќе доаѓа енергијата?

Денес – 86% од електричната енергија која ја користат луѓето доаѓа од фосилни горива. Изворите на обновлива енергија претставуваат околу 10%, но процентот рапидно расте. Глобалната потрошувачка на соларна енергија во 2015 година била околу 7,5 пати поголема од онаа во 2010 година.

Во иднина, ќе доминираат обновливите извори на енергија, а земјите кои ја користат ваквата енергија ја создаваат од ветерници и соларни панели.

Колку е веројатно дека ќе останеме  без работа, поради компјутери или роботи?

Речиси половина од работните места во САД наскоро може да бидат заменети со роботи или компјутер, се посочува во истражувањата на Оксфордскиот универзитет. Некои професии многу поверојатно многу брзо ќе бидат автоматизирани. За 10 до 20 години, вработените кои се занимаваат со телемаркетинг, сметководителите и возачите на такси може да се видат себеси истуркани од роботи. Работните места кои бараат креативност, умешност или емпатија ќе останат подолго време. Идниот пазар на труд ќе се адаптира спрема притисокот наметнат од автоматизацијата.