Која е вашата омилена боја, зборува за тоа какви сте во СЕКСОТ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каква личност сте, а и какви сте во креветот зборува вашата омилена боја. Дури и оние неопределените се откриваат себеси и своето сексуално однесување по тоа која боја им е најприкладна, истакнуваат експертите.

Плавата ја сакаат личности за кои сексот е уметност со примеси на елеганција. Оваа истенченост посебно е изразена кај мажите, кои во креветот се однесуваат како пијантисти. Тој секогаш прво го истражува телото на жената слушајќи ги нејзините потреби. Жените во плаво, исто така се великодушни и нежни, а во предиграта уживаат исто колку и во сексуалниот чин.

Портокаловата им е омилена на оние кои сакаат да ги остваруваат своите сексуални фантазии. Со ласкави шепоти на перницата поттикнуваат фантазија кај партнерот, а нежноста и предиграта многу им се важни во текот на сексот. Прилично им е лесно да го одглумат оргазмот.

Зелената ја сакаат верните партнери кои во сексот се полни со нежност. Зелените жени секој сексуален однос го чувствуваат како да е првпат, додека момците се полни со разбирање, подготвени да ја исполнат секоја желба на партнерката.

Розевата открива кокетност и заводнишство. Жените кои ја сакаат оваа боја понекогаш ветуваат повеќе од што имаат намера да понудат. Сексуално се незрели и си играат со момците. Момците пак во розево, се склони кон честа промена на партнерката, а со задоволството се впуштаат во афера со жени кои штотуку ги запознале.

Жолтата ги отсликува личностите кои го контролираат својот сексуален нагон во креветот, препуштајќи му ја на партнерот главната улога. Самите не преземаат иницијатива, но партнерот никогаш не го одбиваат, бидејќи им е важно неговото задоволство.

Сива покажува неодлучни и несигурни љубовници. Многу тешко се врзуваат и често им е потребно многу време за тоа да одлучат. За нив сексот не е возбудување, туку начин да ја задоволат потребата, поради што лошо се согласуваат со партнерите кои имаат некоја друга омилена боја.

Црвената симболизира страст, а личностите кои ја сакаат оваа воја знаат да уживаат во сексот. Имаат агресивен пристап кон спротивниот пол, а ако изградат партнерски однос со личноста која исто така сака црвена боја, креветот ќе биде полн со експерименти, на обострано задоволство.

Виолетова предупредува на внимателност кога е сексот во прашање. Ним занимацијата со сексот им претставува губење време. Момците во овој чин пристапуваат како работна обврска, додека жените повеќе размислуваат за тоа да не ја расипат фризурата отколку за сексуалниот чин.