Home Спорт Кој што сака нека рече – Гатузо има срце: Се откажа од 125.000 евра месечно за да ги спаси вработените во клубот

Кој што сака нека рече – Гатузо има срце: Се откажа од 125.000 евра месечно за да ги спаси вработените во клубот

Џенаро Гатузо, актуелниот тренер на италијански Наполи и легендата на италијанскиот фудбал ја воодушеви земјата со фантастичен потег.

Пандемијата со коронавирусот ја претвори Италија едно од најголемите жаришта и во таа држава има заразено повеќе од 200.000 луѓе додека повеќе од 27.000 починаа.

Италија е парализирана од короната и се очекува голема економска како последица од истата, поради што клубовите во земјата се приморани да ги намалат платите.

Тоа требаше да биде случај и во Наполи каде што е објавено дека платите ќе се намалат за 20%, но Џенаро Гатузо спречи да им биде намалена плата на работниците на стадионот и оние кои се во администрација па така до продолжение од сезоната во целост се откажа од примањата за да не се намали платата на вработените.

Со оглед дека Гатузо месечно заработува 125.000 евра и дека не може да се каже до кога сезоната ќе биде прекината јасно е дека се откажал од вистинско богатство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…