Кој ќе успее да му ја извади гумата и да преживее – ќе се збогати


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Властите од Индонезија понудија парична награда за оној кој ќе се нафати и ќе успее да ја извади автомобилската гума од вратот на овој крокодил (нормално, ако го преживее тој обид).

Задачата не е воопшто едноставна и безопасна. Влекачот е долг 13 метри и со години плива со гума околу вратот.

Властите на градот Палу на Сулавеси долго време се обидуваа да го решат овој проблем на животното и не успеаја во тоа. Последното видео покажува дека крокодилот тешко дише, што предизвика загриженост дека гумата полека го убива.

Висината на наградата не е објавена, но агенцијата за заштита на природата соопшти дека не повикува аматери.

„Бараме од нив да не пристапуваат или да го повредуваат крокодилот. Ни требаат луѓе со искуство во спасување животни во дивина“, рече Хасмуни Хасмар, шеф на агенцијата.