Home Актуелно „Кој ќе отслужи 6 месеци е слободен, ако дезертира ќе биде ликвидиран“ – вака „Вагнер“ регрутира руски затвореници да се борат во Украина (снимка)

„Кој ќе отслужи 6 месеци е слободен, ако дезертира ќе биде ликвидиран“ – вака „Вагнер“ регрутира руски затвореници да се борат во Украина (снимка)

Поради недостиг на регуларно обучени војници и доброволци кои би можел да ги мобилизира за војната во Украина, Кремљ излегува со нова тактика.

Видео од главниот финансиер на озлогласената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин како врбува група затвореници да учествуваат во војната, ветувајќи им слобода по шест месеци се прошири по медиумите.

„Никој не се враќа назад зад решетки. Ако добро служите во следните шест месеци, слободни сте. Ако пристигнете во Украина и решите дека ова не е за вас, тогаш ќе ве ликвидираме“.

Се вели дека финансиерот на „Вагнер“, Пригожин, е доверлив човек на Путин, а неговиот однос со воените блогери може да помогне да се одржи поддршката на тие воени блогери за воените напори на Кремљ. Тој е етаблиран како заштитно лице на руската „специјална воена операција“ во Украина, пишуваат западните медиуми.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…