Кога пријателството во тројка, прераснува во „ШАМАР“ за едниот: Жена на која животот и се претворил во пекол

Sensual woman with red lips holding handcuffs

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што се случува во сите љубовни драми, тие две се супер другарки. А преку ноќ пријателството пука поради едно момче и ноќ во кој страста била единствен поткрепувач.

Во британскиот магазин „The Sun“ често можат да се прочитаат најневеројатни љубовни приказни.

Ова е една од нив, а се работи за 30-годишна жена која се разочарала во својата пријателка, но и својот маж.

„Знаев дека нешто не е во ред која пријателката ме праша како минал разговорот за работа, а знам дека ништо за тоа не сум рекла. Кога прашав од каде знае за разговорот, ми кажа дека за тоа и споменал мојот сопруг, кога се допишувале за работите кои ги изведува неговиот брат во нејзината куќа. Тоа ме мачеше и одлучив да ги погледнам пораките на неговиот телефон. Повеќето пораки беа избришани, но пронајдов неколку во кои имаше многу бакнежи и нежност“, наведе жената која не сакаше да го открие својот идентитет.

Призна дека тие тројца биле отсекогаш добри другари.

„Таа пред неколку години минуваше низ тежок период и јас бев нејзино рамо. Сопругот и се коцкаше и дрогираше, социјалната служба сакаше да им ги одземе децата. И помагав, се чувствував како втора мајка на нејзините деца. Таа тогаш минуваше низ развод и се обидуваше да застане на нозе. Ние тројца често го минувавме времето заедно, нејзините деца со нашите“, вели таа.

Пред неколку месеци сите тројца испивме малку повеќе, се смеевме, а сопругот ни го прераскажуваше своето прво сексуално искуство.

„Вечерта се заврши со секс во тројка. Во тој момент беше забавно, но денес со задоволство би сакала никогаш да не се случеше. Неодамна дознав дека се допишуваат зад мојот грб тие двајца, а можеби и нешто друго. Јасно и дадов до знаење дека повеќе не сме пријателки. Одлучив да му кажам на сопругот дека знам за пораките, на што тој ми одговори дека му е жал за се што се случило. Се чини му е жал што го фатив. Нашите животи станаа комплицирани, и полни недоверба“, раскажа жената која остана без пријателка и без маж со кој не се во најдобри односи.