Кога не ти е судено да бидеш милионер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вистинска бура од интерес и реакции предизвика мистериозниот добитник на премијата од 11 милиони евра на новогодишната лотарија во Турција, кој сепак, во сета таа огромна среќа, на крајот испадна голем несреќник.

Добитникот на оваа милионска наградна сума не пристигнал на време за да ја подигне наградата, по што неговиот тикет е поништен.

Според „Дејли сабах“ добитникот на наградата од 70 милиони турски лири(околу 11 милиони евра) не се пријавил да ја подигне добивката во предвидениот рок, до 17 часот на 31 декември, по што чекот со добивката е вратен во турското министерство за финансии.

Мистериозниот добитник предизвикал голем интерес во јавноста во Турција и се најде на скоро сите насловни страници, посебно поради фактот што не се појавил да ја подигне наградата и покрај јавните апели за подигнување на огромната добивка.

Според официјалните претставници на Турската лотарија ова е првиот случај во нивната историја некој добитник да не ја подигне наградата.