Клоп пред одлучувачкиот меч: Ако судијата суди добро, ќе поминеме!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред одлучувачкиот натпревар во ЛШ помеѓу Ливерпул и Наполи, тренерот на „црвените“ Јирген Клоп порача дека неговиот тим ќе се пласира во следната фаза ако судијата добро го суди мечот.

Ливерпул вечерва на „Енфилд“ го пречекува Наполи и потребна му е победа од два гола разлика, или точно 1:0, колку што заврши првиот дуел во Неапол.

„Знаеме дека во Неапол не бевме доволно добри, исто како што не бевме добри во Париз и Белград. До сега на домашен терен бевме добро, но мора да бидеме подобри. Ако судиските одлуки бидат добри и правични, тогаш мислам дека сигурно ќе одиме во следната фаза“, истакна Клоп.

„За да победиме мораме да бидеме концентрирани и да ја свртиме ситуацијата во наша корист. Мораме да направиме посебна атмосфера и да го искористиме тоа. Наполи е одличен тим, имаме респект, но сакаме да победиме по секоја цена“, додаде Германецот.