Спорт

Клоп добива рекорден буџет – троши 200 милиони за 5 засилувања!

Англиските медиуми пренесуваат дека Јирген Клоп ова лето ќе добие значително голем буџет за засилување на тимот.

Имено, Клоп ќе добие буџет од 200 милиони фунти за засилувања, а Германецот веќе има список на играчи кои сака по секоја цена да ги донесе на „Енфилд“.

Имено, на неговата листа се наоѓаат младиот лев бек на Фулам, Рајан Сесињон, кој е на мета на сите големи англиски клубови, а неговата цена изнесува околу 15 милиони фунти.

Потоа, стоперот на Саутемптон Вирџил ван Дијк кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата и чија цена во моментов изнесува околу 50 милиони фунти.

Што се однесува до офанзивниот дел прв на листата желби е ѕвездата на Лајпциг Набу Кеита, потоа Јулијан Брант од Леверкузен и Александре Лаказет од Лион. За ова трио „црвените“ се спремни да платат 100 милиони фунти.

Со овие пет засилувања Ливерпул значително ќе ги засили сите линии во тимот со цел следната сезона да може да се бори за титулата во Премиер лигата.

Advertisements
To Top