Актуелно

Истрагата за грабежот во НЛБ Тутунска се проширува и на братот од првообвинетиот

Се проширува истрагата за тешката кражбата од НЛБ Банка. Добрупатени извори коментираат дека најверојатно осомничениот Бобан С не бил сам во целата операција со која ја олесна банката за близу три милиони евра.

Според потврдени информации, под истрага е и неговиот брат кој е вработен во Народната банка. Извори за Фактор потврдуваат дека братот на осомничениот е вработен во НБМ и дека МВР го истражува неговото работење во централната банка. Не е исклучено дека вчера, полицијата била на неговото работно место. Според наши извори, братот на осомничениот е вработен во еден од секторите во НБМ поврзани со сметководство, и немал никаков контакт со трезорот на централната банка.

Од Народната банка исклучуваат каква било поврзаност со настанот, коментирајќи дека сосема случајно е тоа што братот на осомничениот работи во НБМ.

Народната банка на никаков начин не поврзана со целиот настан. Сосема случајно е тоа што братот на осoмничениот работи кај нас, тој би можел да работи било каде, така што НБМ нема никаква поврзаност со овој случај. Се што бара МВР од нас во интерес на истрагата, ќе соработуваме, велат од НБМ, а пренесува Фактор.

Доброупатени коментираат дека не е исклучено и братот на осомничениот да е дел од операцијата, бидејќи истрагата е проширена и на него. Тој овие денови не одел на работа. Од МВР негираат дека освен приведениот Бобан, има и друго приведено лице. Кражбата на три милиони евра од трезорот на НЛБ Банка го привлече вниманието на јавноста и поради висината на украдената сума но и поради начинот на кој таа се изведе. Првите луѓе на банкарската групација велат дека овој настан нема да влијае врз редовното работење на банката и дека парите на клиентите се сигурни.

Бобан, како вработен во НЛБ Банка, операцијата за изнесување на парите ја спровел од 6 ти до 10 ти април, кога и беше приведен. Според информациите од истрагата, по приведувањето тој не кажал каде се парите и сеуште не е познато каде завршиле трите милиони евра. Бобан е осомничен по два основи, МВР го гони за злоупотреба а Јавното обвинителство Скопје за затајување. По приведувањето, на Бобан му е одреден 30 дневен притвор.

Advertisements
To Top