Home Актуелно Спречен терористички напад во Турција

Спречен терористички напад во Турција

Најмалку пет лица се уапсени поради сомнение дека се поврзани со Исламска држава и дека планирале сензационални напади во Турција за време на референдумот за проширување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, што ќе се одржи во недела.

Според информациите, туркста полиција откако добила дојава, вчера извела три симултани операции во Истанбул. Меѓу уапсените е и државјанин на Таџикистан кој патувал во зона на судири, а кој работел за Исламска држава во Истанбул.

Турција е пред историски референдум. Доколку референдумот успее, тоа ќе му овозможи на Ердоган да остане на власт до 2029 година со многу пошироки овластувања отколку сега. Оние што водат кампања против референдумот, предводени од најголемата опозициска Републиканска народна партија велат дека со уставните промени се бришат сите контроли на влијанието на Ердоган со што Турција влегува во авторитаризам.

Инаку, неодамна Исламска држава преку своите медиуми на арапски и турски јазик повика на напади против референдумот, нагласувајќи дека ова гласање е спротивно на Бога и нарекувајќи ги неверници муслиманите кои ќе гласаат.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…