Ќе се изненадите кога ќе чуете: Дали заедничката сметка во банка е доказ за вашата ЉУБОВ?!

Букет рози, вечера со свеќи или омилени песни не се важни. Во светот на романсата ништо не ја докажува љубовта како заедничката банкарска сметка, се тврди во новото истражување.

Заедничката сметка во банка покажува дека паровите кои живеат зааедно имаат силна врска и повеќе се посветени еден на друг.

Истражувањето откри дека паровите кои не се верени и живеат заедно, а имаат заедничка сметка, имаат силна и стабилна врска. Истражувањето го спроведоа психолозите од Универзитетот во Ајова, кои тврдат дека клучот за успешна врска лежи во тоа паровите заедно да управуваат со своите финансии.

Истражувачите интервјуираа повеќе од 900 млади момци и жени кои живеат со своите партнери. Прашањата беа од типот: „Колку ви изгледа дека вашата врска може да биде долговечна“, „Колку сте посветени на вашата врска“…

Резултатите покажуваат дека паровите кои живеат заедно, имаат заедничка сметка и немаат планови да се венчаат се еднакво среќни како и оние кои живеат зааедно и планираат свадба. Сепак, паровите кои имаат одвоени сметки имаат и лоши резултати во ова истражување.

„Кога паровите имаат заедничка сметка, не само што го унапредуваат својот имот, заеднички и заеднички носат одлуки, туку создаваат економска заедница со идентитетот „ние““, се наведува во соопштението на истражувачкиот тим.