Откриена е причината, зошто сме зависни од обложување и дрога, но не од сексот…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу лесно можете да влезете во опасност да станете зависни, но научниците откриваат дека сепак од некои работи не можеме да бидеме зависни колку и тоа да звучи возможно.

Извесни лекови и алкохол, можат да ја пореметат работата на мозкот и да ги активираат оние функции кои се типични за битката за живот. Допаминот, ја регулира оваа акција, но наркотиците ја зголемуваат и прават да сакаме повторно да земеме.

Кофеинот е одличен стимулатор на мозкот и го активира овој систем, но тој со многу помало ниво отколку зависните дроги. По внесувањето на кофеин се чувствуваме будни, а кај некои корисници се развиваат благи симптоми на криза кога се престанува со конзумација. Кафето кое содржи и чоколадо произведува ист ефект.

Единствено однесување кое се дефинира како зависност е компулсивното обложување и коцкањето. За да се дијагностицира, коцкарите мораат да покажат сериозни симптоми вклучувајќи го обложувањето на голема сума на пари, лажењето за да се скрие обложувањетп, иритантноста и бесот по поразот и губењето. Во зависното однесување не се вбројува сексот, бидејќи постои малку или нималку докази кои докажуваат дека тој има влијание на мозкот.

Многу екстремни коцкари, гејмери и зависници од секс имаат и симптоми на други пореметувања, вклучувајќи ги анксиозноста, недостатокот од внимание и депресијата.