Почнува најголемиот европски фестивал на отворено со слободен влез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Популарниот Donauinselfest оваа година ќе се одржи од 22 до 24 јули, на Дунавскиот остров во Виена. Веќе 35 години овој најголем музички фестивал во Европа со слободен влез нуди богата музичка програма во траење од 600 часа со претставници од сите музички правци – од панк, електронска музика и рок, до хип-хоп и шлагери.

Организаторите на островот очекуваат околу три милиони посетители. На вкупно 11 сцени истовремено ќе настапат многу интернационални и домашни музичари и бендови, меѓу кои се Fedde le Grand, Lisa Stansfield, Münchener Freiheit и Wiener Blond.

 

За посетителите на располагање ќе има и караоке сцена, а најхрабрите меѓу нив, покрај разновидната музичка програма, ќе имаат можност да пробаат и акробации како „bag jump“, скокање од 3,5 метри на воздушна перница, или „stage flying“, летање над публиката на 160 метри висина.