ЌЕ ГИ ВИКАМЕ СЕВЕРНО МАКЕДОНЦИ: Светските медиуми веќе почнаа да ни го менуваат идентитетот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако нашите власти долго време не убедуваа дека успеале да ни го заштитат идентитетот во Преспанскиот договор, со тоа што нашите државјани се наречени Македонци/ Граѓани на Северна Македонија, сепак почнаа да се остваруваат стравувањата на голем број аналитичари, експерти и противници на договорот кои тврдеа дека со него всушност се менува идентитетот. Потврда дека почнаа да се реализираат ваквите ставови доаѓаат од светските медиуми.

Весникот New Europe кој е еден од водечките европски весници што излегува во Брисел објави статија посветена на нашиот случај под наслов „Добредојде Северна Македонија“. Во неа се појаснува за епилогот на долгогодишниот спор и за самиот Преспанскиот договор, пишувајќи дека новото име на државата повлекува и нова придавка „Северномакедонски“.

New Europe отсега ќе го користи името Северна Македонија. Досега бевме внимателни и употребувавме Македонија/ФИРОМ, а сега ќе го користиме тој термин само во историски контекст. Ќе ја употребуваме и придавката „Северномакедонски“ кога ќе треба, како пократка верзија од терминот „на Северна Македонија“, како што предвидува Преспанскиот договор.

Како што се користат термините Њујорчани или Новозелаѓани, New Europe ќе ги нарекува жителите на државата како Северно Mакедонци, за да ја избегнеме фразата „Македонец/граѓанин на Република Северна Македонија“ како што пишува во Преспанскиот договор.


Во описот на сликата над самата статија на која се сликани девојки за време на владината кампања ЗА Европска Македонија, со која се агитираше на референдумот да се гласа за промена на името стои описот „Северно Mакедонски жени носат банери…“

Со ваквите написи всушност се остваруваат најголемите стравувања на голем број македонски експерти кои објаснуваа дека договорот е капитулантски и дека ја обезличува македонската нација, а ако се земе предвид дека и Ципрас во неговото промотивно видео објасни дека терминот Македонија останал грчки, додека ни оставил да го користиме само терминот Северна Македонија, а не го признал народот, тогаш станува појасно низ каков процес поминува нашата татковина.

https://www.facebook.com/WeAreMacedonia/videos/587253941746513/