Home Вебкафе Казна затвор за египетски „инфлуенсерки“ заради непристојни видеа на „Тик Ток“

Казна затвор за египетски „инфлуенсерки“ заради непристојни видеа на „Тик Ток“

Пет египетски „инфлуенсерки“ беа осудени на 2-годишна казна затвор и парична казна од речиси 19.000 долари заради објавување на „непристојни видеа“ на Тик Ток, пренесува ВВС.

Затворската казна за овие пет млади жени е прва која е изречена во рамки на кампањата на властите против инфлуенсерите на социјалните мрежи.

Како одговор на одлуката на судот, активисти започнале онлајн кампања, барајќи осудените жени да бидат пуштени на слобода.

На официјалната државна веб страна е наведено дека жените се обвинети за уривање на вредностите и принципите на египетското општество и заради објавување на непристојни фотографии и видео снимки кои го навредуваат јавниот морал.

Три жени се исто така осудени и заради учествување во непристојни видео повици со мажи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…