Каталонците признаа: Нејмар во Манчестер за 200 милиони!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Каталонскиот весник „Спорт“ кој е близок до Барселона ексклузивно открива дека Манчестер Јунајтед е спремен да плати богатство за Нејмар.

Мурињо неодамна најави дека ова лето ќе биде срушен светскиот трансфер рекорд, а „Спорт“ тврди дека „црвените ѓаволи“ се спремни да платат неверојатни 200 милиони евра за ѕвездата на Барселона.

И не само тоа, тие планираат да го направат Нејмар најплатениот играч во Премиерлигата со годишна плата од 25 милиони евра.

Јунајтед сака да ги искористи големите финансиски проблеми во кои се наоѓа Барселона, а кои делумно можат да се решат со евентуален трансфер на една од трите мега ѕвезди во тимот.

Британските медиуми велат дека и покрај богатата понуда, овој трансфер зависи од тоа дали Манчестер Јунајтед ќе се пласира во Лигата на шампионите. Не само поради тоа што Нејмар не би сакал да игра во Лигата Европа, туку и затоа што евентуален неуспех ќе значи 30% помал приход од спонзорот „Адидас“ чиј годишен договор изнесува 94 милиони евра.