Камерите од паметните телефони наскоро ќе мерат и пулс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Google“ додава две важни функции во „Fit“ апликацијата на „Pixel“ моделите, а наскоро истите ќе бидат додадени и во останатите „Android“ телефони.

Имено, корисниците со помош на оваа апликација во иднина ќе можат да го измерат својот пулс и да го следат ритамот на дишење. Овие функции секако треба да се користат само за следење на општата здравствена состојба и проверка на параметрите, а никако не можат да заменат лекарски преглед.

За да ја измерите брзината да дишење (бројот на вдишувања во минута), ќе биде доволно само да ја вперите предната камера на телефонот кон главата и градите. За пулс, треба да се стави прст преку камерата каде што се наоѓаат сензорите, пренесе „The Verge“

„Докторите го пресметуваат бројот на вдишувања кај пациентите така што гледаат колку пати градите се подигаа и спуштаат, а „Fit“ апликацијата би требало да работи на сличен начин. Користиме вештачка интелигенција за да измериме различни параметри и да им помогнеме на луѓето да ја одржат најдобрата можна здравствена состојба“, велат од „Google Health“.