(Дополнето) Камчев на аудиоснимка: „Со Зоки биле во Милано. Овој нашиов се плеска со него?“ „Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното.“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Знаеш колку е исшетан тој куфер? Колку е изнасниман?“, се слуша гласот на Орце Камчев, сведок во „Рекет“, на новата аудиоснимка која е објавена на YouTube.

„Кај идел со него?“, прашува друг глас. „У Загреб, у Италија, у ку*ои. Па со Зоки биле у Милано заедно. А бе, Зоки се плеска со него, што е работава?“, продолжува Камчев. Во продолжение ја имате целосната снимка од разговорот кој денес е објавен на споменатата платформа.

„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти. Не не пуштија они. Што зборите вие?“

„Му се јавувам на Зоки, на наш Зоки, Кичевскиот, прееска. Што точно си зборел? Додека седевте вие тука, неќев да зборам. Затоа станав. Како што сте договорени, така е направено. Зоки е на располагање, ево Мелина сад са њим прича преко мене и тебе, како што си ти реко така је и урадио. Никад није био на ниту један састанак освен кад ме позвала тужитељица“.

„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“.

„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот дел ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.

„Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“.

„Пишувам, те молам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум. Не треба да дадеме кај Вилма ништо. Во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му го имам во документ, ќе ти го покажам. Друже мој, Македонија мора да стане правна држава, да идеш да си пријавиш инаку ти ќе одговараш“.