Славни

Овој модел е првиот автомобил кој доби своја ѕвезда на „Булеварот на славните“

Chevrolet Suburban е првиот автомобил кој се најде во најелитното холивудско друштво на „Булеварот на славните“.

А ако некој автомобил со сигурност има заслужено таква почесто – тоа е токму тој. Во филмови „глуми“ од 1955 година, а во тие 67 години активно појавување во холивудските филмски остварувања, учествувал во повеќе од 1.750 филмови, серии и ТВ-емисии.

Се појави и во 30 филмови номинирани за филмски награди, а од 1960 година се појавува во најмалку еден филм секоја година. „Dante’s Peak“, „John Wick“ и „Olympus Has Fallen“ се само некои од поновите филмови во кои се појавува.

Advertisements
To Top