Какви фудбалери беа менаџерите од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес тие се успешни во својата професија, менаџери со големи бакновни сметки и огромен авторитет. Тренери кои заслужуваат да ги водат тимовите во една од најсилните лиги во светот, Премиер лигата.

Велат дека искуството како фудбалер е од исклучително значење за тренерите, но исто така постои и теорија дека најдобрите фудбалери ретко стануваат успешни тренери.

Некои од актуелните менаџери во Премиер лигата се со многу богато CV како фудбалери, а други имаат многу поскормни достигнувања на теренот.

1. Арсен Венгер – Арсенал
Ништо особено како фудбалер. Венгер игра во нискоразредни француски клубови, а Страсбург е врвот на неговата кариера. Игра на позицијата дефанзивец играч за врска, но не остава голема трага како играч.

2. Маурицио Покетино – Тотенхем
Во Аргентина игра за Њуелс Олд Бојс, а потоа се сели во Шпанија. Со Еспањол го освојува Купот на кралот, а потоа го носи дресовите на ПСЖ и Бордо. Потоа се враќа во Еспањол и кариерата ја завршува во 2006 година.

3. Антонио Конте – Челзи
Еден од најуспешните актуелни менаџери од Премиер лигата. Конте има 5 Скудета, една Лига на шампиони и Куп на УЕФА со Јувентус. После 6 години поминати во Лече се сели во редовите на „старата дама“ каде поминува цели 13 сезони.

4. Марк Хјуз – Стоук Сити
Марк Хјуз беше „убиствен“ напаѓач со скоро 20-годишна кариера и играше за клубови како Манчестер Јунајтед, Барселона и Баерн Минхен. „Спарки“, како што го викаат фановите има играно уште за Челзи, Евертон и Блекбурн.

5. Јирген Клоп – Ливерпул
Кариерата ја започнува како напаѓач, а потоа игра како централен дефанзивец. Поминува 11 години во Мајнц, а потоа станува тренер на клубот во 2001 година.

6. Жозе Мурињо – Манчестер Јунајтед
Започнува да игра фудбал благодарение на својот татко, но нема многу со што да се пофали како фудбалер. Игра за Рио Аве, Белененсес и Сесимбра. Подоцна му станува преведувач на Боби Чарлтон во Спортинг Лисабон и Порто, а легендарниот Англичанец го зема со себе и во Барселона.

7. Рафа Бенитез – Њукасл
Тој е дете на Реал Мадрид во 70-те години на минатиот век, но никогаш не успева да стигне до првиот тим на „кралевите“. Игра во Парла и Линарес и се откажува на 26 годишна возраст. Потоа се враќа во Мадрид за да работи како тренер во школата на Реал.

8. Пеп Гвардиола – Манчестер Сити
Веројатно најдобриот фудбалер од актуелните тренери во Премиер лигата. Има 6 титули во Шпанија, Лигата на шампиони и КПК се само дел од трофеите кои ги освојува со Барселона. Цели 17 години ги помина на „Камп Ноу“, а потоа имаше и авантури во Бреша, Рома, Ал Ахли и мексиканскиот Дорадос.