Home Актуелно Груевски: Си поднесувам оставка!

Груевски: Си поднесувам оставка!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, најави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател на партијата пред партиските органи. Притоа, порача дека СДСМ еден ден ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата.

– Јас вечерта после првиот круг на изборите кажав јасно дека претседателот на партијата носи најголема одговорност. Потоа во телевизиско интервју појаснив дека секогаш во еден тим кој се натпреварува, било политички, спортски, бизнис или слично, најголемата одговорност по дефиниција ја носи првиот човек. Тие кои добро ме познаваат и оние кои добро разбираат политички пораки ме разбраа. Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка.

– Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа го мислев и тогаш на 15-ти октомври вечерта, но заради актуелноста на изборите го кажав со политички речник. Тоа го мислам и сега, и бидејќи двата круга на изборите поминаа, емоциите од кампањата стивнаа, и можам да го кажам и најдиректно и понепосредно. Овој чекор е дел од моите основни принципи и вредности.

– За анализата веројатно ќе треба уште недела до две, а оставката може и не мора да е поврзана со нејзиното завршување, бидејќи не е поврзана со нејзиниот исход, рече Груевски за Курир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…