Home Спорт Голема чест за Македонецот: Недев во бордот на директори на ИТКФ

Голема чест за Македонецот: Недев во бордот на директори на ИТКФ

Македонскиот каратист, Дејан Недев, на генералното собрание на Светската карате федерација (ИТКФ) е избран за нов член во бордот на директори на највисокото тело на ИТКФ.

Ова е големо признание и успех како за Дејан така за Македонија и македонското карате, затоа што за првпат Македонија ќе има свој преставник на вака висока позиција во ИТКФ.

На генералното собрание ИТКФ доби и нов претседател откако досегашниот Ричард Јоргенсен од Канада реши да се повлече од функцијата. Нов претседател на ИТКФ е Бразилецот Жилберто Гартнер.

За претседател на техничката комисија е избран Ричард Јоргенсен, а меѓу останатите пет членови на оваа стручна комисија е и Венцислав Недев. Исто така, на состанокот беше одлучено да Венцислав и Дејан Недев во иднина бидат официјални преставници и преговарачи на ИТКФ со Меѓународниот олимписки комитет.

Инаку од утре па се до недела во Монтекатини, Италија ќе се одржат натпреварите на Обединетиот светски шампионат во традиционално, модерно и контактно карате, а Македонија ќе ја преставуваат 10 натпреварувачи

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…