Home Спорт Судија, каде ти се очилата? Арбитарот кој не го призна голот на Меси со нова катастрофална грешка!

Судија, каде ти се очилата? Арбитарот кој не го призна голот на Меси со нова катастрофална грешка!

Шпанскиот судија Инглесиас Виљануева во неделата не го призна голот на Меси против Валенсија, а сега повторно го привлече вниманието со нова голема грешка.

Виљануева синоќа на мечот помеѓу Еспањол и Тенерифе досуди пенал за играње со рака буквално едно метро надвор од казнетиот простор.

Во 33-та минута по шутот на Алваро Васкез топката удри во раката на Хорхе Санс, а судијата покажа на белата точка иако очигледно Санс беше надвор од казнетиот простор. Жерард Морено пеналот го претвори во гол и помогна Каталонците да направат пресврт (3:2).

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…