Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Без разлика дали ги сакате или не (некои ги обожаваат, на некои не им се баш по мерак, а некои и ич не ги сакаат), овошјето и зеленчукот, особено свежо консумирани, се незаменливи и строго препорачливи намирници кои не смеете да си дозволите да не ги имате на вашата секојдневна мени листа.
Во спротивно, вашето здравје, организмот и целокупното живеење и тоа како ќе трпат со лоши последици. Еве ги најважните од нив.
1. Недостиг на витамини и минерали
Овошјето и зеленчукот содржат витални хранливи состојки за нашето здравје. Студија направена од Универзитетот Џон Хопкинс покажува дека само 11% од возрасните во САД консумираат три порции зеленчук и две порции овошје на ден.
Што се случува кога не внесувате доволно? Недоволното консумирање доведува до недостатоци на хранливи материи. Овошјето и зеленчукот содржат високи концентрации на важни витамини и минерали, незаменливи со суплементи.
2. Проблеми со дигестивниот систем
Без овошје и зеленчук во исхраната може да развиете дигестивни проблеми како запек, хемороиди и нарушување на дигестијата во дебелото црево.
„Овошјето и зеленчукот содржат целуоза, која го помага варењето, ја олеснува работата на празнењето на цревата“, објаснува нутриционистот Лора Мур.
Исто така се богати со влакна кои ги стимулираат движењата на цревата, намалувајќи го ризикот од појава на прошорени вени во ректалната регија.
3. Се зголемува ризикот за појава на рак
Според Американскиот институт за истражување на рак (AICR) ниту една храна не штити од рак, но исхрана богата со храна од растително потекло може да го намали ризикот од заболување.
Антиоксидансите како витаминот Е, витаминот Ц и каротеноидите го намалуваат ризикот од рак штитејќи ги клетките од штетното дејство на слободните радикали. Каротеноидите – пигменти, вклучувајќи и бета каротен кои ги има во спанаќот и другиот темнозелен зеленчук, темнопортокаловото овошје и зеленчук, слаткиот компир, морковите и портокалите, штитат од оштетување и се поврзани со понизок ризик од различни типови на рак.
4. Ќе се здебелите
Ако не јадете овошје и зеленчук веројатно се храните со храна која има висок процент на масти и повеќе калории. Резултатите од студија спроведена од Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн покажале дека недоволното консумирање овошје и зеленчук недвосмислено е поврзано со прекумерна телесна тежина и проблеми со контрола на порцијата. Тоа доведува до поголем број на луѓе со прекумерна тежина.
5. Се зголемува ризикот од дијабетес
Поголема телесна тежина значи и поголем ризик од дијабетес. Досегашните истражувања покажале дека консумирањето на лиснат зеленчук и овошје го намалува ризикот од дијабетес тип 2. Ако веќе имате дијабетес, избегнувањето овошје и зеленчук може да ја влоши ситуацијата.
6. Поголеми се шансите да страдате од депресија
Истражување спроведено во Шпанија покажало дека луѓето кои јадат доволно овошје и зеленчук имаат помал ризик да страдаат од депресија. Научниците уште немаат објаснување зошто е тоа така, но се претпоставува дека во прашање е високата содржина на витамин Б6 и пантотенската киселина чиј дефицит го зголемува ризикот од депресија, пишува Reader’s Digest.