Home Спорт Капитените од Примера започнуваат битка против планот за натпревари во САД

Капитените од Примера започнуваат битка против планот за натпревари во САД

Капитенот на тимовите во Примера денес ќе имаат средба на кое треба да изразат општо незадоволство од договорот, потпишан од Ла Лига за играњето на натпревари од шампионатот во САД и Канада.

Договорот кој е во важност од цели 15 години беше потпишан во четврток, но од Асоцијацијата на професионални фудбалери во Шпанија изјавија дека никој не ги прашал за нивно мислење, пред да договорот да стане факт.

Се очекува на истата средба да биде разговарано и за доцните вечерни термини на натпреварите од Примера. Исто така многу проблеми создаваат натпреварите кои треба да се играат во петок и понеделник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…