Тасев ја повлече кандидатурата, ФФМ го откажа Изборното собрание!


Традицијата вели: Аргентина ме демантира!? - 14 ден ↓↓↓



Фудбалската федерација на Македонија денеска соопшти дека е одложено Собранието кое беше закажано за 1 септември на кое требаше да се избере нов претседател на организацијата.

Кандидатот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, предложен од ОФС Кавадарци, Сашко Тасев ја повлече својата кандидатура и писмено ја достави до архивата на ФФМ.

„Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија за избор на претседател која беше закажана за 01. септември 2018. година поради повлекување на поднесената и утврдена кандидатура за претседател на ФФМ се откажува“, објави ФФМ.

На почетокот на септември ќе биде свикано вонредно собрание на кое ќе биде менуван Статутот на Фудбалската федерација. Сегашниот во некои свои точки се коси со законите и потребна е негова ревизија. Се предвидува дека по промената на Статутот, по неколку месеци ќе биде свикано ново собрание на кое што ќе биде избран новиот претседател.

Комисија за верификација претходно ги одби кандидатурите на Костов, Станојковиќ и Хаџиристески.