Home Актуелно Кај жител од тетовско Шипковица пронајден сериозен арсенал на оружје – лицето беше уапсено

Кај жител од тетовско Шипковица пронајден сериозен арсенал на оружје – лицето беше уапсено

Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, на улица „Полог”, лишен е од слобода 34-годишниот У.М. од тетовска Шипковица, извести МВР, а пренесува А1Он.

– При преглед на патничко возило „опел астра” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми “Лугер” калибар 9 мм, соопшти МВР.

– При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол „Црвена застава” 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол „Глок 17″ со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка “Кхан Армс” со 5 патрони, се додава во соопштението на МВР.

Од страна на СВР Тетово во текот на денешниот ден до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…