Ќеф за „зависниците“ од музика: Sony лансираше нов Walkman


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Технолошката компанија „Sony“за меѓународниот пазар го претстави новиот „Walkman“ уред наречен „NW-A306“.

Уредот е поевтина алтернатива на претходно најавениот модел „NW-ZX707“. „Sony NW-A306 Walkman“ е помал и значително полесен од неговиот претходник (113 грама и 56,5 x 98 x 11,8 mm).

„Walkman“ има 3,6-инчен дисплеј, со резолуција од 1280 x 720 пиксели. Батеријата е супериорна и нуди до 32 часа репродукција на музика, кога се слуша во FLAC од 96 kHz.

Дополнително, „NW-A306“ ќе трае до 36 часа при репродукција на MP3-датотеки со брзина од 128 kbps и 14 часа при репродукција на DSD-датотеки (11,2896 MHz/1 bit).

„Sony NW-A306 Walkman“ прво ќе биде достапен во Јапонија. Уредот на европскиот пазар ќе пристигне во црно-сини варијанти, со 32 GB простор за складирање податоци, по цена од 399 евра.