Home Вебкафе Кај оваа филипинска професорка нема препишување!

Кај оваа филипинска професорка нема препишување!

Сликите од филипински студенти кои носат таканаречени „капи против мамење“ за време на испитите станаа вирален хит на социјалните мрежи.

Професорката по машинско инженерство на колеџ во градот Легаспи побарала од студентите да направат покривка за да ги спречи да ѕирнат во туѓите тестови. Како што пишува Би-Би-Си, многумина биле многу креативни, правејќи „капи“ од картон, кутии за јајца и други материјали.

Професорката вели дека нејзината идеја се покажала „многу ефикасна“.

„Капите“ набрзо станаа вирален хит, а проектот се прошири и на другите колеџи на Филипините.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…