Home Спорт Јувентус во потрага по новиот Роналдо

Јувентус во потрага по новиот Роналдо

Трансферот на Кристиано Роналдо во летниот преоден рок покажа дека Јувентус сака да биде на врвот на Европа и тоа веднаш.

Трансферот на Роналдо не му донесе на Јувентус само засилување на теренот туку и голем маркетиншки удар. Тоа го сподели и претседателот Андреа Ањели кој постави нова цел, да привлече нов Роналдо, но овој пат многу помлад.

Зборовите на Ањели силно одекнаа во италијанските медиуми кои лецитираат со неколку имиња на млади фудбалски ѕвезди како Мбапе, Милинковиќ-Савиќ, Асенсио, Хари Кејн и Пол Погба.

„Зделката на Роналдо ни донесе не само засилување од техничка гледна точка, но и развој на пазарот. Сега треба да постигнеме таква состојба која ќе ни дозволи да го привлечеме новиот Кристиано, но овој пат многу помлад, до 25 години“, изјави Ањели.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…