Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
29-годишната Сара Брамли призна дека иницирала убиство на нејзиниот актуелен љубовник поттикнувајќи го нејзиниот бивш дечко на насилство, кое завршило со убиство, испраќајќи му фотографија од сексот со новиот љубовник.
Брамли судот во Англија ја прогласи за виновна за „поттокнување или помагање во извршување на кривично дело“.
Имено, таа, во филмски манир, на поранешното свое момче, 33 – годишниот Давид Сандерс му испратила фотографија од сексот со своето ново момче, 34-годишниот Мајкл Лосон.
Многу брзо откако ја добил фотографијата, Сандерс изгубил контрола, отишол кај Лосон и од љубомора му забил кујнски нож, инаку татко на едно дете. Лосон починал од едниот бодеж, а Сандерс поради убиството е осуден на доживотна затворска казна, со минимално траење од 22 и пол години.
Брамли пред нападот му удрила шамар на Лосон и му наредила да ја напушти куќата.
По сексот со Лосон и откако му испратила фотографија на Сандрес, Брамли наводно му удрила шамар на Лосон и му рекла да ја напушти куќата.
„Самошто го удрив момчето во лице зошто не сакаше да си оди дома. Во што се вплеткав?“, наводно напишала во пораката до Сандерс и му рекла дека Лосон е надвор од куќата и дека слободно може да го „скрши“.
Сандерс го призна убиството и се обиде да го намали траењето на казната тврдејќи дека не зел со себе нож и дека немал намера да го убие Лосон. На Брамли и е одобрена кауција, а и се заканува и шестмесечна затворска казна.