Јувентус украде бод: Игуаин го спасо од пораз со гол во продолжението


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шампионот и лидер во Серија А, екипата на Јувентус синоќа во градското дерби со Торино се спаси од пораз благодарение на голот на Гонзало Игуаин постигнат во втората минута од судиското надополнување.

Претходно, во 52.минута Адем Љајиќ го отвори резултатот со прекрасен гол од слободен удар.

Во последните три рунди на Јувентус му е потребен само еден бод за да ја одбрани шампионската титула.

На првиот синоќешен дуел Наполи – Каљари 3:1.

Другите натпревари од 35.коло на програмата се денес:
Удинезе – Аталанта,
Емполи – Болоња,
Пескара – Кротоне,
Сасуоло – Фиорентина,
Џенова – Интер,
Киево – Палермо,
Лацио – Сампдорија и
Милан Рома.

Табела: Јувентус 85 бода, Наполи 77, Рома 75, Лацио 67, Аталанта 64, Милан 59, Интер 56, Фиорентина 55