Лицето кое ја влечеше за коса Шеќеринска во Собрание на распит во обвинителство


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Лицето А.П кое ја нападна пратеничката на СДСМ, Радмила Шекринска во Собранието, за време на инцидентите на 27 април, синоќа беше на распит во обвинителство.

На видеата од нападите на демонстрантите во Собранието кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа како лицето А.П ја повлекува Шекеринска за коса.

Основното јавно обвинителство на 30 април соопшти дека седум лица од петнаесетте осомничени за насилствата во Собранието се лишени од слобода. На 2 мај, Основен суд Скопје 1 соопшти дека определил притвор од осум дена за уште едно лице поврзано со инцидентите во Собранието.