Јувентус ја купува ѕвездата на Аталанта за 20 милиони!

Аталанта оваа сезона игра одлично во Серија А, а најголемо откритие во тимот од Бергамо е младиот играч за врска, Франк Кесие.

19-годишниот Кесие игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а медиумите во Италија тврдат дека Јувентус ја победил конкуренцијата и дека е пред реализација на трансферот.

Имено, „бјанконерите“ веќе го договориле трансферот со Аталанта и за потписот на Кесие ќе платат 20 милиони евра. Единствено не е познато дали фудбалерот ќе се пресели во Торино во јануари, или ќе остане во Аталанта на позајмица до крајот на сезоната.

„Старата дама“ уште во летниот преоден рок понуди 10 милиони евра за неговиот потпис, но Аталанта ја одби понудата а фудбалерот буквално експлодира оваа сезона во Серија А.