Home Спорт Јувентус го сака НЕГО за трио од соништата!

Јувентус го сака НЕГО за трио од соништата!

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер мета на Јувентус следното лето ќе биде ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез.

Се погласни се шпекулациите за размена, Пјаниќ за Санчез, а „бјанконерите“ се спремни да го дадат Босанецот и да доплатат за да го добијат потписот на Чилеанецот.

Агонијата околу новиот договор на Санчез сеуште трае, па доколку не стави потпис до крајот на сезоната Арсенал е спремен да го продаде.

На Јувентус сигурно нема да му биде лесно да го реализира трансферот бидејќи за Санчез се заинтересирани многу европски гиганти, но „старата дама“ има најсилен адут.

Имено, Венгер е силно заинтересиран за Миралем Пјаниќ, а Јувентус е спремен да се откаже од Босанецот за да го добие Алексис Санчез.

Во Торино сметаат дека со доаѓањето на Санчез ќе се направи трио од соништата, Дибала – Игуаин – Санчез, кое ќе биде едно од најдобрите во светот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…