Галерии

Југославија во 1920-те години видена низ објективот на фотографот Курт Хилшер

Курт Хилшер беше германски фотограф кој во раните години на 20-от век патуваше низ Европа и фотографираше импресивни фотографии. Автор е на неколку успешни книги во кои се наоѓаат фотографии од Италија, Шпанија, Германија и Југославија.

Чрешњевац, Хрватска

Сплит

Во средината на ’20-те години од минатиот век Хилшер патуваше низ цела Југославија подготвувајќи го материјалот за книгата со фотографии од пејзажи, држави и народи. Во Белград му беше доделен преведувач, доби дозвола за влез на имотите од сите локални власти, а на располагање му беа и автомобили за превоз. Zeiss-Ikon и Agfa му дадоа извонредни фотоапарати, објективи и фотоплочи.

Дворецот Оточец

Девојки во Травник

Ново Село, Македонија

На својот пат од словенските Алпи до границите со Бугарија, Хилшер направи вкупно 1.200 фотографии, од кои избра 191 и објасни дека се обидел да ги прикаже атрактивните, разновидни пејзажи, архитектурата и начинот на живот во Југославија. Истакна дека неговата намера не била да прави разгледници.

Бардовци, Македонија

Јајце

Неговат азбирка во 1926 година беше објавена во Берлин. Оваа драгоцена книга веќе долго време не се препечатува, а сите фотографии се наоѓаат на Agfa Chromo Isorapid плочи.

Црногорец свири на гусла

Народна носија во скопско

Оро

Крашња, Словенија

Дубровник

Карадаг, Скопска Црна Гора

Вишеград

Девојки во Бусовача

Шибеник

Девојки во околината на Травник

Почитељ

Околината на Бардовци, скопско

Семејство во Србија

Мостар

Манастирот Високи Дечани

Требиње

Пазар во Сараево

Јужна Србија, денешна Македонија

Девојки во Сараево

Охрид, Македонија

Херцег Нови, Црна Гора

Еврејски гробишта во Сараево

To Top