Home Спорт Доста му е ергенски живот: Роналдо доби благослов да се жени!

Доста му е ергенски живот: Роналдо доби благослов да се жени!

Главна вест денес во сите светски медиумите, особено во шпанските е дека Кристиано Роналдо одлучил да стапне на „лудиот камен“.

Најдобриот фудбалер за 2016 година, веќе неколку месеци е во врска со девојка која е целосно непозната за јавноста. Таа работела во продавница на еден ексклузивен светски бренд во Мадрид.

Јавноста ја запозна на 9-ти јануари кога го придружуваше Роналдо на церемонијата на доделувањето на наградите на ФИФА за 2016 година, во Цирих. Нејзиното име е Герогина Родригез.

Светските медиуми објавија дека Кристиано Роналдо, кој многу е приврзан за својата мајка, добил благослов да ја ожени убавата Шпанка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Мајкл Даглас откри како живее Џек Николсон по повлекувањето од Холивуд

Мајкл Даглас вели дека неговиот долгогодишен пријател Џек Николсон е добро и ужива во поми…