Филм / ТВ

„Joker“ стана најпрофитабилниот филм на сите времиња базиран на стрип

Со заработка од над 950 милиони долари, „Joker“ стана најпрофитабилниот филм на сите времиња базиран на стрип.

Филмот досега заработи 15 пати повеќе од сумата која беше вложена во неговото снимање, пренесува Forbes. Режисерот Тод Филипс го режираше со буџет од 62,5 милиони долари, што е само не голем дел од сумата која е вложена во голем број други филмски адаптации на стрипови и филмови за стрип јунаци.

Avengers: Endgame, филм базиран на стрип кој досега на глобално ниво забележа најголема заработка, инкасираше околу 2,8 милијарди долари, но беше снимен со буџет од 365 милиони долари.

„Мислам дека филмот сам по себе претставува интелектуален филм базиран на стрип и на луѓето тоа едноставно им е интересно“, изјави филмската новинарка Хелен О’Хара за Radio 1 Newsbeat. „Љубителите на стрипот го гледаат бидејќи се базира на стрип приказна, но се пласира добро и меѓу оние кои не се обожаватели на таквите адаптации“.

Успехот на „Joker“ значи дека е попрофитабилен од „Venom“ со Том Харди, кој заработи 854 милиони долари, со почетен буџет од 90 милиони долари, како и филмот Deadpool со Рајан Рејнолдс, кој заработи 783 милиони долари, со буџет за снимање од 58 милиони долари.

Котира подобро и од некои постари филмски адаптации на стрипови, како „Batman“, „Ninja Turtles“ и „Mask“, познати како најпрофитабилни филмски адаптации на стрипови.

Важно е да се напомене дека овој финансиски профит и успех „Joker“ го постигна без да биде прикажан во Кина, земјата со најбројна популација. Според тоа, голема е веројатноста дека конечната заработка ќе биде уште поголема.

Кинеските филмски цензори се доста строги и забрануваат прикажување на филмови со премногу сцени со секс и насилство. О’Хара верува дека успехот на филмот во Кина во конечната заработка може да додаде уште половина милијарда долари.

To Top