Јаја Туре потпиша за клуб за кој веројатно никогаш не сте слушнале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Брегот на слоновакат коска, Јаја Туре од денес има нов клуб, откако потпиша за Кингдао Хуангаи.

Поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити во мај најави крај на кариерата, но потоа се предомисли, па сега си најде нов клуб.

Туре помина осум години во Сити, каде освои многу трофеи, вклучувајќи три титули шампион во Премиер лигата.

Претходно помина три години во Барселона каде освои две титули во Ла Лига, Суперкупот во Шпанија, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Откако му истече договорот со Сити во јули 2018 година, тој одлучи да потпише со Олимпијакос за кој веќе играше во сезоната 2005/06, но само после три месеци го раскина договорот со грчкиот клуб.