Home Вебкафе Јахтата која ја поседуваше Тито продадена за 51.000 евра

Јахтата која ја поседуваше Тито продадена за 51.000 евра

Црногорското министерство за одбрана во 2019 година заработило 1,8 милион евра од продажба на вишокот вооружување и воена опрема, вклучувајќи ја и продажбата на поранешната јахта на Јосип Броз-Тито.

Според договорот за купопродажба, бродот на Тито му е продаден на еден државјанин на Австрија, за цена од 51.000 евра. Почетната вредност на јахтата беше проценета на 80.000 евра, објави „Вијести“.

На јавната лицитација, која беше спроведена од Министерството за одбрана на Црна Гора, беа понудени на продажба и недвижности на 93 локации, а лани биле продадени три деловни простории во Тиват за 110 илјади евра. Од изнајмувањето на деловниот простор во сопственост на одбраната, минатата година бил остварен приход од 480 илјади евра.

Вкупните планирани издатоци за системот за одбрана на Црна Гора во 2019 година изнесувале 8,55 милиони евра, или 1,67 отсто од БДП, додека издвојувањата за опремување и модернизација изнесувале 13,7 милиони евра или 17 отсто од вкупните издвојувања за системот за одбраната. Ова претставува пораст од 2,77 отсто во однос на проекциите за 2018 година.

Во согласност со проекциите од Планот за инвестирање во одбраната за 2019-2024 година, ќе продолжи позитивниот тренд за издвојување за одбраната до 2024 година, до кога е предвидено издвојувањата за црногорската војска да достигне до два отсто од БДП и издвојување од 20 отсто од воениот буџет за опремување и модернизација. Вкупната вредност за оваа намена до 2024 година би достигнала 109 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Правилото на 2 минути што ќе ви го промени животот

Дали некогаш сте се фатиле како одложувате некоја ситна задача, велејќи си себеси: „Ќе ја …