Американците панично се вооружуваат – редици пред продавниците за оружје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради страв од можни социјални немири како последица од пандемијата на коронавирусот, продажбата на оружје и муниција во САД рапидно расте. Американските панично посегнуваат по огненото оружје како форма на самоодбрана во рамки на оваа ситуација.

Долги редици од луѓе може да се видат пред продавниците за оружје на западниот брег.

Големиот онлајн продавач на муниција „Амо“ објави дека продажбата пораснала за 68% за само 11 дена. Зголемувањето на продажбата е особено изразено во Северна Каролина и во Џорџија, каде што е забележан скок од 179% , односно 169%.

Покрај општиот страв од коронавирус, во Вашингтон и Калифорнија, локациите каде што претходно е забележана епидемија на вирусот, започна нагло купување на оружје. Оружјето првенствено го купуваат Американци кои стравуваат дека може да се соочат со ксенофобично и расистичко насилство врз нивните семејства, со оглед дека изворот на коронавирус е Кина.

Зголемената продажба на смртоносно оружје, исто така, предизвика загриженост за безбедноста на децата. Ненадејниот пораст на пушки и другото огнено оружје во домаќинствата може да ги доведе децата во опасност поради недостиг на безбедни места за чување на оружјето.