Home Наука и техонологија Казна од 1,1 милијарда долари за Apple од Франција

Казна од 1,1 милијарда долари за Apple од Франција

Француските регулатори одлучија да го казнат Apple со 1,1 милијарди долари поради кршење на прописите за конкуренција на пазарот.

Според Reuters, технолошкиот гигант е казнет поради оневозможување на конкуренцијата во својата дистрибутивна мрежа и кршење на економската независност на препродавачите.

Трговците на големо Tech Data и Ingram Micro, исто така се казнети со 76 милиони и 63 милиони евра поради незаконски пракси за договарање на цени, соопшти францускиот регулатор.

„Apple и неговите двајца продавачи на големо Tech Data и Ingram Micro се согласија да не се натпреваруваат меѓусебно, како и да спречат конкуренција меѓу дистрибутерите, со што ја “стерилизираа” продажбата на големо на Apple производите на пазарот“, соопшти Изабел де Силва, шефица на француската агенција за заштита на конкуренцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Наука и техонологија
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…