Home Шоубизнис Ја симна Џиџи Хадид од тронот: Адут Акеш Биор е најдобра манекенка на светот

Ја симна Џиџи Хадид од тронот: Адут Акеш Биор е најдобра манекенка на светот

Манекенката со суданско-австралиско потекло Адут Акеш Биор е новата убавица која го зазеде тронот како најдобра манекенка на светот според изборот на Models.com Industry Award.

19-годишната манекенка се вивна во врвот на манекенското ѕвездено небо, засенувајќи убавици како Џиџи и Бела Хадид кои се сметаат за најдобри манекенки во светот на модата.

Ова признание го доби откако отворено говореше за проблемите со анксиозноста и депресијата.

Модната кариера ја започнала на 16 години и признала дека секое утро и ноќ во изминатата година плачела. Честитајќи им ја Новата Година на фановите на социјалните мрежи признала дека и покрај успешната кариера таа страда од длабока депресија и анксиозност. Нагласила и дека се учи да се избори со ова, но понекогаш чувствата ја совладуваат.

Адут е родена во камп за бегалци во Јужен Судан, а во Австралија пристигна кога имала само 7 години. Во јули минатата година беше втората црнкиња која беше избрана за младенче на Шанел во последните 14 години.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…